Компанијата ВИА КОМЕРЦ располага со најсовремено опремена Станица за технички преглед на возила, во која едноставно и брзо, на едно место ќе ги завршите сите неопходни формалности за регистрирање на Вашето возило.

Во рамките на Станицата за технички преглед на возила работи и шалтер на МВР, а свои пунктови имаат и повеќето осигурителни компании. Вам ви останува само да дојдете и Вашето возило за час ќе биде регистрирано.

Новите услуги кои можеме да ги обезбедиме за нашите клиенти се:

    • Баждарење на Тахографи
    • Таксаметри
    • Единечно одобрување (хомологација) за патнички, товарни и приклучни возила
    • А-тест на Плински уреди
    • Затемнети стакла

Работно време: од 7 до 19 часот, сабота од 8 до 14 часот.

 albsig   sava logo    winner  
JSN Nuru template designed by JoomlaShine.com